Квалитетна здрава храна е многу важна за децата да бидат здрави и среќни. Здравата храна не е важна само за децата, таа е многу добар старт во животот и за иднината на светот во кој ќе растат вашите деца.
ДОБРОТО ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА
За здравје и долг живот на вашите деца
- користете органска храна
- природни состојки и едноставни комбинации
- исфрлете шеќер и рафинирани производи
- додадете храна во разни бои (јагоди, пиперки, морков)
- користете производи од интегрални житарки
- потикнете го интересот за овошје и зеленчук кај вашите деца носејќи ги во бавчи и овоштарници каде што ќе можат сами да ги берат
- користете локални сезонски произвиди
- спремајте сами храна за во школо
- вклучете ги децата во припрема на храна со два прекрасни збора “ајде заедно“
НАЈДОБРОТО ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА
- за да бидат здрави децата треба да јадат органска храна без адитиви зошто тие се причинители за алергиските реакции кај децата
- децата не треба да јадат процесирана(конзервирана) храна полна со хемикалии
- органската храна на децата им помага во изградбата на јак имунолошки систем и ги прави поотпорни на заболувања
- со органската храна децата секогаш ќе знаат дека тоа што го јадат е со вистински вкус
- не постоји подобар начин за уживање во целосните хранливи вредности на овошјето и зеленчукот отколку тие да се јадат сирови како што ги дала природата
Мисли на вас,
Нана Жана