Време за приказна

Убави и паметни дечиња, посакувам  да има голем број библиотеки исто како супермаркети  во секоја населба во градот. Тие да имаат многу книги и децата да можат да одат заедно со родителите да бираат книги.

Во секоја библиотека посакувам да има едно креативно катче каде децата ќе се дружат и ќе се забавуваат со креативни игри.

Уште повеќе посакувам во библиотеките да има  простории каде децата ќе слушаат приказни. Артистите им раскажуваат приказни и пуштаат детска музика. Децата седнати на подот во средина на собата, на малите простирки донесени од  дома, слушаат без да трепнат. Кога ќе заврши плескаат со рачињата, играат и скокаат.

Родителите, баби и дедовци седнати на столчиња покрај ѕидот, ги гледаат децата и уживаат заедно со нив. Така децата од мали ќе ги засакаат приказните и книгите,  и кога ќе пораснат во библиотеките ќе се чуствуваат како дома.

Мисли на вас и ве сака Нана Жана