ПРОЛЕТНО ВАРИВО

на

Состојки:

  • 1 везица млад кромид сецкан
  • 2 страка млад лук (или две чешниња лук) сецкан
  • 150 гр. суви печурки вргањ (или 300 гр. свежи печурки) сецкани
  • 2 млади компири сецкани
  • 1 шоља грашок исчистен
  • 1 китка (200 гр.) карфиол на цветчиња
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 2 лажици сецкан копар
  • 1 литар вода
  • сол по желба

Начин на припрема:

  1. На маслиново масло се динста кромид, лук и печурки 5 минути. Се додава компирот, еден литар вода и се вари 30 минути. Потоа се пасира копмирот и се додава сол.
  2. Се додава карфиолот и грашокот и се вари уште 15 минути до посакуваната густина.
  3. На крај се додава копер и магдонос.