Кујната е центар на вашиот дом, место на кое се создава здравјето и среќата на вашето семејство. Ова е еден вид појаснување на рецептите кои ќе ги најдете на мојот блог.
- грав, леќа, наут
- интегрален леб
- интегрален ориз
- овсени снегулки
- интегрална паста
- сушени зачини (лорбер, оригано, нане, босилок)
- лимон
- ѓумбир
- кромид црвен и бел
- лук
- ореви, бадеми
- ладно цедено маслиново масло
- путер од кикирики
- мед, малтекс
- сос од домати
- јаболков оцет
- оцет балсамико
- црно чоколадо
ХРАНА ВО ФРИЖИДЕР
- путер
- јајца
- ферментирани млечни производи
- кашкавал
- инчуни
- капари
НАЧИНИ ЗА ПРИПРЕМА НА ЈАДЕЊА
- печење во рерна (се пече зеленчук на врел воздух на отворено)
- печење на скара (риба, месо, зеленчук)
- варење во зовриена вода (зеленчук се вари кратко)
- варење на пареа (зеленчукот се става на решетка и се вари кратко со поклопено)
- варење на пареа под притисок во експрес лонец (за житарки)
- динстање во сопствен сос поклопено (зеленчук, овошје)
- динстање на малку масло поклопено (зеленчук)
ОСНОВНИ САДОВИ ВО КУЈНА
- решетка лепеза за зеленчукот на пареа
- тава за динстање
- тава за печење
- блендер за крем супи и смуди
- експрес лонец
- скара
МАЧЕТО ЈАДЕЛО РИБА И ГО ОМРСИЛО БРКОТ
Децата многу сакаат да цртаат мачиња. Мачето многу сака да јаде риба. И децата сакаат да јадат риба за да бидат јаки и здрави.
ОСНОВНИ НАМИРНИЦИ
ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ – БОГАТСТВО НА ПРИРОДАТА
Тие содржат комплексни јаглени хидрати и есенцијални протеини, витамини, минерали и малку маснотии.
-интегрален ориз, пченица, јачмен, просо, овес, р“ж, пченка
-разни врсти леб, интегрални тестенини, овсени снегулки, интегрално брашно
Здравите деца многу сакаат:
- овсена кашичка со суво и свежо овошје и мед
- каша од просо со тиква
- интегрален ориз со зеленчук и овошје
- меко варен јачмен
А најмногу сакаат да гризнат пченка варена и печена.
СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК
-брокула, зелка, кељ, блитва, праз, кромид, морков карфиол, тиква, зелена салата, прокули, ротквица, краставица, домати
Свежите зеленчуци играат главна улога во секојдневното готвење. Тие имаат висока содржина на витамини, ниска содржина на маснотии и се многу популарен избор за здравата храна. Многу е важно брокулата, карфиолот, цвеклото и спанаќот да се јадат свежи.
СВЕЖО ОВОШЈЕ
-јаболки, круши, грозје, смокви, сливи, зрнесто овошје (јагоди, капини, малини, боровинки)
Антиоксидансите и витамините во овошјето и зеленчукот придонесуваат за намален ризик од хронични заболувања.
МЕШУНКИ
-грав, леќа, наут
Мешунките содржат протеини и сложени јагленихидрати, витамини, минерали и влакнести материи.
РИБА
-лосос, туна, скуша ,пастрмка, сардела, крап
Тие содржат протеини и незаситени Омега-3 масни киселини кои се многу корисни за здравјето на децата
ФЕРМЕНТИРАНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
-сирење, јогурт, павлака, активија, крем сирење
Млечните производи содржат протеини, калциум, витамини Д и Б, исклучок е Б12. Тие го јачаат имунитетот и ја одржуваат бактериската флора на цревата.
МЕСО
-пилешко месо, месо од мисирка во мали количества
ДЕСЕРТИ
-колачи, овошни десерти во мали количества