ДИНСТАНА РИБА ЦИПУРА

на

Состојки:

  • 2 риби ципури (1кг) филетирани
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици пценкарно брашно
  • 1/2 лажиче сол

Маринада

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 2 гранчиња целер лист

Начин на припрема:

  1. Филетите од ципура се ставаат во маринада и стојат 30- 60 мин.
  2. Филетите се валкаат во пченкарно брашно и сол, и се динстаат во маслиново масло на грил тава по 3-4 мин од двете страни.

Динстан Компир со Блитва (за 4 лица)

Состојки:

  • 500гр компир
  • 1/2 лазице сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 везици блитва

Начин на припрема:

  1. Компирите се варат со лушпа 40 мин. Се ладат, се лупат и се ситнат со вилушка. Се додава сол.
  2. Блитвата се вари во зовриена вода 2-3 мин. Се вади и се сечка.
  3. Компирите се динстаат на маслиново масло 2-3 мин. Потоа се мешаат со блитвата.

ПЕЧЕНА ТИКВА (за 4 лица)

Состојки:

  • 500гр тиква сечкана на крупни парчиња
  • 1/2 лажиче сол
  • 5-6 гранчиња сушена мајчина душичка
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на припрема:

  1. Се пече на 200 степени 20-25 мин.

ГРАШОК (за 4 лица)

Состојки:

  • 400гр смрзнат грашок обарен на пареа 3-4 мин.

Мисли на вас,

Нана Жана