ЛЕСНО И ВКУСНО
ОРИЗ СО ЗЕЛЕНЧУК (за 4 лица)
Состојки:
- 1 шолја кочански ориз
- 1 кромид сечкан ситно
- 1 шолја замрзнат грашок
- 4 моркови сечкани на ситни коцкици
- 1 лажица исечкан лист од целер
- 1 лажиче оригано
- сол
- 2 лажици маслиново масло
- 2 шолји вода
Начин на припрема:
- На маслоново масло се динста кромид и морков 1 мин. потоа се додава ориз и се динста уште 2-3 мин. Се меша со грашок и зачини. Се става во тава за печење, се додава вода и се пече на 200 степени 20-30 мин .
ВАРЕНА ЦРВЕНА ЛЕЌА
Состојки:
- 1 шолја црвена леќа
- 1 лажица маслиново масло
- сол
- 1/2 лажиче куркума зачин
Начин на припрема:
- Леќата се вари 20 минути. Се цеди од кога ќе зоврие водата.
- Се додаваат 2 шолји вода и се вари на тивко уште 20 минути. Се додава сол, куркума и маслиново масло и се вари уште 10 минути додека да се згусне.
ДИНСТАНИ ПЕЧУРКИ ШАМПИЊОНИ
Состојки:
- 500гр. печурки шампињони цели
- 1 лажица маслиново масло
- сол
Начин на припрема:
- Печурките се динстаат на маслиново масло на отворено додека не испари водата.
КАРФИОЛ
Состојки:
- 400 гр карфиол на цветчиња
Начин на припрема:
- Карфиолот се вари на решетка на пареа
Ве сака,