ПИТА ЛЕБ (за 4 лица)
Состојки:
- 400 гр. интегрално брашно
- 150 мл. топла вода
- 80 мл. маслиново масло
- 1/2 лажиче сол
- прстофат прашок за пециво
Начин на припрема:
- Се меша брашно, сол, прашок за пециво и масло.
- Се додава по малку вода додека не се добие мазно тесто.
- Тестото се одмара 15 минути, се меси и се дели на десет топчиња.
- Се расукува секое топче во големина на чинија и се пече на загреана тава, од двете страни по 30 до 60 секунди.
ЌОВТЕНЦА ОД РИБА ЛОСОС
Состојки:
- 400 гр. филета од риба лосос
- 1 варен компир, лупен и рендан
- 1 црвен кромид рендан
- 1 веза млад кромид ситно исечкан
- 1 лажица капари исечкани
- 3 лажици ситни овесни снегулки
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици пченкарно брашно
Начин на припрема:
- Лососот се става во тава за печење, се премачкува со маслиново масло и се пече на температура од 200 степени целзиусови во времетраење од 20 минути покриена со фолија. Потоа се остава да се олади и се сецка ситно.
- Се динста кромид на маслиново масло, се додава компир, млад кромид, капари, овсени снегулки, риба и се прави смеса.
- Се обликуваат ќовтенца, се валкаат во пченкарно брашно и се печат на грил тава премачкана со масло по 2 минути од двете страни.
ПЕЧЕНА ТИКВА
Состојки:
- 500 гр. тиква сечкана на тенки парчиња
- 4 главици кромид сечкани на резанци
- 4 црвени пиперки, лупени и исечени по должина
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица интегрално брашно
- сол
Начин на припрема:
- Кромидот се меша со пиперките, солта, брашното и маслиновото масло.
- Тиквата се реди во круг во тава за печење и одозгора се става смесата од кромид, се посипува со маслиново масло и се пече на 200 степени во времетраење од 35-40 минути.
НАМАЗ ОД БЕЛ ГРАВ
Состојки:
- 250 гр. врарен бел грав тетовец
- 1/2 лажиче сол
- сок од 1/2 лимон
- 2-3 лажици вода од грав
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица таан
Начин на припрема:
- Сите состојки се миксираат.
АВОКАДО
- 2 лупени авокада се сечат на месечинки