Состојки:
- 250 гр. наут покиснат 12 часа или 250гр. наут во конзерва (варен)
- 1 кромид крупно сецкан
- 1 морков крупно сецкан
- 1 пашканат крупно сецкан
- прстофат прашок за пециво
- 1/2 кафено лажиче мисо (макробиотички зачин).
- две лажици магдонос сецкан
- 1 лист тостирана нори алга искината на парчиња со раце
Начин на припрема:
- Мисото се раствара во еден филџан ладна вода.
- Покиснатиот наут се вари со кромидот, морковот и пашканатот во еден литар вода во времетраење од еден час. Се миксира и се додава вода за да се добие саканата густина. Се додава сол и се остава да зоврие.
- Се зачинуво со мисо, магдонос и нори алга.