Состојки:
- 1 кг. риба бакалар
- 2 лажици маслиново масло
- 1/2 лажиче сол
- 1 лажиче зачин орегано
Сос за пемачкување:
- 2 лажици маслиново масло
- сок од еден лимон
- едно чили пипече ситно исечкано
- две чешниња лук ситно сечкани
- 1 лажица балсамико оцет
Начин на припрема:
- Рибата се става во тава за печење и се премачкува со масло сол и орегано одвете страни. Се пече на 180 степени 15 минути.
- Се вади и се премачкува со сос од горната страна и се пече на 180 степени уште 15-20 минути.
- Се служи со пире од компир и брокула
ПИРЕ ОД КОМПИР И БРОКУЛА
Состојки:
- 500 гр. компир
- 1 китка брокула (250 гр.)
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица песто (сос од босилек)
Начин на припрема:
- Компирот се лупи, се сече на коцки и се вари 30 минтуи.
- Се додаваат исечкани цветови од брокула и се вари уште 3-4 мин.
- Се додаваат останатите состојки и рачно се пасира.