ВКУСЕН ОРИЗ СО РИБА

на

Состојки:

  • 1 шоља басамати ориз
  • 1/2 ситно сецкан кромид
  • 1 морков сецкан на тенки кругчиња
  • 150 гр. зелена боранија сецкана на кругчиња
  • 2 лажици сецкан свеж магдонос
  • 800 гр. филети од риба сецкана на парчиња
  • 1 чешне лук
  • 2-3 гранчиња магдонос
  • 5-6 лажици маслиново масло

Начин на припрема:

  1. Рибата се вари заедно со лук и магдонос во 3 шољи солена вода, 15-20 минути на тивко и се остава да стои во водата.
  2. На маслиново масло се динста кромид 1 минута, се додава ориз и се динста уште 1 минута. Се додава морков и зелена боранија и се динста уште 1-2 минути.
  3. Оризот се префрла во тава за печење, се додава вода од варената риба, се додава магдонос и се меша.
  4. Одозгора се редат парчиња риба и се пече на 190 степени околу 30-40 минути додека не испари водата.