ТАВЧЕ ГРАВЧЕ

на

Состојки:

  • 300 гр. бел грав
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 кромида сецкани ситно
  • 3 чешниња исецкан лук
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче оригано
  • 3-4 лажици сос од домати
  • 3 цели суви или свежи пиперки

Начин на припрема:

  1. Гравот се мие и се кисне во вода 12 часа. Се истура водата и се додава околу 1 литар нова вода. Се вари околу еден час на многу тивко. Потоа се префрла во тава за печење.
  2. Кромидот се динста на маслиново масло околу 3-4 минути. Се додава лук и се става во тавата за печење заедно со гравот. Се додаваат зачините црвен пипер, сол, оригано и сосот од домати и се меша се заедно.
  3. Откога убаво ќе се измеша, одозгора се ставаат цели пиперки и се пече во рерна на 180 степени околу 40 минути.