КРЕМ СУПА ОД КАРФИОЛ

на

Состојки:

  • 500 гр. карфиол сецкан на цветчиња
  • 2 моркови сецкани
  • 1 кромид сецкан
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 2 листа ловоров лист
  • 1/2 оригано
  • 1 литар вода
  • 1 прстофат сол
  • 2 лажици толчени ореви или лешници
  • 2 лажици исечкан свеж магдонос

Начин на припрема:

  1. На масло се динста кромидот 1 минута. Се додава карфиол, морков, лук, зачини и вода и се вари 20 минути.
  2. Се вади ловоровиот лист и се миксира.
  3. По потреба се додава уште малку водадо посакуваната густина и се вари уште 2-3 минути.
  4. Се сервира со ореви и магдонос.