ЧОРБА ОД РАЗНИ ВРСТИ ГРАВ

на

Состојки:

  • 150 гр. бел грав
  • 150 гр. кафеав грав
  • 2-3 листа лорбер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 кромида сецкани ситно
  • 2 моркови сецкани ситно
  • 1/2 корен од целер сецкан ситно
  • 3-4 лажици сос од домати

Начин на припрема:

  1. Белиот и кафеавиот грав се мијат и се киснат заедно во вода 12 часа (преку ноќ). Се истура водата и се додава околу 1 литар нова вода и листови од лорбер. Се вари околу еден час на многу тивко на отворено. Се проверува дали има вода да не загори.
  2. Кромидот се динста во тава на маслиново масло 1-2 минути. Се додава морковот и целерот и се динста уште 3-4 минути на тивко. Во тавата се додава 500 мл. водаи се вари 5-10 минути. Потоа се префрла во садот кај што се вари гравот, се додава сосот од домати и се заедно се вари на тивко уште околу 1 час.
  3. Може да стои во ладилник 2-3 дена.