Здрава Храна За Здрави Деца

ШТО Е ВАЖНО ВО ИСХРАНАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА?

ДОРУЧЕК

СВЕЖО ОВОШЈЕ

  1. За здрав доручек се внесува обавезно свежо овошје, банана, сос од јаболка со вафли, јагоди или друго свежо сезонско овошје.
  2. Сушено овошје (кајсии, смокви, сливи, урми, грозје) и свежо овошје (праска, јаготка, боровинки, малини, банани) во ладни или топли кашички од житарки.
  3. Сок од свежо овошје со сендвич од интегрален леб со путер од кикирики и мармалад.

РУЧЕК

СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ

  1. Се додава свежо овошје (јаболко, грозје, мандарина, портокал) со парчиња пилешко месо, туна или во салата од зеленчук.
  2. Зелена салата со свежо зрнесто овошје (јагода, малина, капина, боровинки).
  3. Се додава свеж зеленчук (краставица, зелка рендана, спанаќ, домат) во сендвичи.
  4. Свеж зеленчук со кашкавал во пита леб.
  5. Салати од морков и брокула.

ВЕЧЕРА

СУПИ ОД СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК

  1. Интегрални тестенини со сос од домати (тиквици, пиперки, морков).
  2. Пире од печени црвени пиперки.
  3. Топли крем супи од зеленчук.
  4. Ладни супи од зеленчук.
  5. Пилешко месо.
  6. Риба на скара.
  7. Макарони со сирења.

ДЕСЕРТ

СВЕЖИ ОВОШНИ САЛАТИ И СМУДИ

  1. Овошна салата
  2. Вафли со свежо овошје
  3. Смуди од свежо овошје
  4. Компот од свежо овошјеж
  5. Јогурт со  свежо овошје
  6. Ладна банана или грозје
  7. Ражниќи од свежо овошје
  8. Свежо овошје во чоколаден сос

ДЕЧИЊА, КАЖЕТЕ НЕ НА БРЗАТА ХРАНА

ЗДРАВИ ЗАЛАЦИ ЗА ДОМА И ЗА ВО ШКОЛО

  • мини пици
  • печени компирчиња
  • интегрален леб со путер од кикируки
  • сендвич со интегрален леб
  • интегрален ѓеврек
  • интегрален перек
  • тост со путер и мед
  • интегрални бисквити
  • колачиња со суво овошје
  • галети од експандиран ориз
  • стапчиња кашкавал
  • пуканки
  • стапчиња краставица
  • стапчиња морков
  • шери патлиџани
  • јогурт
  • свежо сезонско овошје
  • банани
  • суво овошје

ИДЕИ ЗА ДРУГИ ОДЛИЧНИ ЗАЛАЦИ

  • печен благ компир
  • одлични сендвичи со путер од бадеми
  • кашкавал и зелена салата
  • сирење и домат
  • крем сирење и краставица
  • крем сирење и боровинки
  • намаз од наут (хумус)
  • путер од јаболки

ОДЛИЧНА БРЗА ХРАНА ЗА ДЕЦА

  • печени компирчиња
  • ориз со зеленчук
  • макарони со кашкавал
  • грав со ориз
  • печено пилешко месо
  • паста салата
  • пица маргарита

ЧИК ПОГОДИ КОЈА Е НАЈОМИЛЕНА ДЕТСКА ХРАНА (ДЕТСКИ ФАВОРИТ)

ЧИК ПОГОДИ КОЈА Е НАЈОМИЛЕНА ДЕТСКА ХРАНА? (ДЕТСКИ ФАВОРИТ)

-ПИЦА
-СЕНДВИЧ СО ПИЛЕШКО МЕСО
-БРОКУЛА(фабрика за хранливи состоји)
-МОРКОВ
-ИНТЕГРАЛЕН ЛЕБ
-МАКАРОНИ СО СОС
-СОС ОД ПАТЛИЏАН
-СОС ОД БОСИЛОК
-СОС ОД ЈАБОЛКО
-РИБА
-ЛЕЌА
-ГРАВ
-БАНАНИ
-БОРОВИНКИ
-ЈАГОДКИ
-МАЛИНИ
-ЈОГУРТ СО СВЕЖО ОВОШЈЕ

ОДЛИЧНО МЕНИ ЗА ЗДРАВИ ДЕЦА

1. Вегетаријанско ќовте со интегрален леб

  • јогурт
  • свежа овошна салата

2. Макарони со сирење

  • свеж беби морков
  • вафли со свежи боровинки

3. Интегрална тортиља со кашкавал

  • сечкано свежо овошје

4. Паста салата со пилешко месо и домати

  • тостиран интегрален леб
  • свежи праски

5. Интегрален седвич со сирење

  • зелана салата
  • свежа диња

6. Печена риба

  • домат исечкан на кришки

7. Печено пилешко месо

  • варен интегрален ориз
  • зелена салата
  • банана

8. Печен лосос

  • макарони
  • мешан зеленчук
  • свежа диња

9. Интегрален леб

  • грашок
  • јаболки

10. Сендвич со кашкавал

  • салата од морков и суво грозје
  • јогурт со свежи јагоди

11. Грав

  • морков и брокула
  • пченкарен леб

12. Леќа

  • домат и краставица салата
  • интегрален леб
  • Смуди

13. Макарони

  • спанаќ салата со мандарини и портокали
  • интегрален тост леб
  • грозје

14. Интегрален тост леб со грав, сос од домати, зелена салата и рендан кашкавал

  • пченка со свежа црвена и зелена пиперка
  • сос од јаболки

15. Печена бела риба

  • зелена салата со јагоди
  • мафин
  • овошен јогурт со свежа праска

16. Макарони со кашкавал

  • свеж зеленчук сечкан ситно
  • печени јаболки со цимет

ЗДРАВА УЖИНА

ЗДРАВА УЖИНА

Кога одев на училиште сите мои другарчиња носеа сендвичи и овошје за ужина. Нане најчесто ми спремаше пржени лепчиња со јајце кои не сакав да ги јадам и ги менував со другарките за овошје. На големиот одмор сите јадевме, а најчесто се слушаше “дај еден гриз” или “ајде да се смениме со сендвичите”. Моите деца добиваа ужинка на училиште, најчесто баничка, сува кифла, тетовска тортичка, кои најчесто ги враќаа дома во ташната. Моите внуци во градинка и на училиште носат јадење во ташничка за храна. Денес децата поминуваат поголем дел од денот на училиште и градинка и треба здраво да се хранат.

ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ЕДНА ТАШНИЧКА ЗА ХРАНА ЗА ДЕЦАТА ДА СЕ ХРАНАТ ЗДРАВО?

РАНЕЦ СО ЗДРАВА ХРАНА

  1. Мал термос со вода
  2. Сендвичи со интегрален леб
  3. Стапчиња кашкавал или сирење
  4. Интегрални тестенини во кутивче
  5. Мафини
  6. Здрави грицки
  7. Свеж сезонски зеленчук – сечкан
  8. Свежо сезонско овошје
  9. Суво овошје
  10. Енергетски житни плочки

РАНЕЦ ЈАДЕЊА ЗА ЕДЕН ДЕН

  1. Термос со вода
  2. Сендвич со интегрален леб
  3. 2 стапчиња качкавал
  4. 1 морков + 1/4 краставица
  5. 1 банана +1 мандарина
  6. 4 интегрални бисквити
  7. плочица од житарки
  8. 3-4 урми