Состојки:
- 1 везица млад кромид сецкан
- 2 страка млад лук (или две чешниња лук) сецкан
- 150 гр. суви печурки вргањ (или 300 гр. свежи печурки) сецкани
- 2 млади компири сецкани
- 1 шоља грашок исчистен
- 1 китка (200 гр.) карфиол на цветчиња
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици сецкан магдонос
- 2 лажици сецкан копар
- 1 литар вода
- сол по желба
Начин на припрема:
- На маслиново масло се динста кромид, лук и печурки 5 минути. Се додава компирот, еден литар вода и се вари 30 минути. Потоа се пасира копмирот и се додава сол.
- Се додава карфиолот и грашокот и се вари уште 15 минути до посакуваната густина.
- На крај се додава копер и магдонос.