Вовед

Квалитетна здрава храна е многу важна за децата да бидат здрави и среќни. Здравата храна не е важна само за децата, таа е многу добар старт во животот и за иднината на светот во кој ќе растат вашите деца.

ДОБРОТО ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА

За здравје и долг живот на вашите деца

  • користете органска храна
  • природни состојки и едноставни комбинации
  • исфрлете шеќер и рафинирани производи
  • додадете храна во разни бои (јагоди, пиперки, морков)
  • користете производи од интегрални житарки
  • потикнете го интересот за овошје и зеленчук кај вашите деца носејќи ги во бавчи и овоштарници каде што ќе можат сами да ги берат
  • користете локални сезонски произвиди
  • спремајте сами храна за во школо
  • вклучете ги децата во припрема на храна со два прекрасни збора “ајде заедно“

НАЈДОБРОТО ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА

  • за да бидат здрави децата треба да јадат органска храна без адитиви зошто тие се причинители за алергиските реакции кај децата
  • децата не треба да јадат процесирана(конзервирана) храна полна со  хемикалии
  • органската храна на децата им помага во изградбата на јак имунолошки систем и ги прави поотпорни на заболувања
  • со органската храна децата секогаш ќе знаат дека тоа што го јадат е со вистински вкус
  • не постоји подобар начин за уживање во целосните хранливи вредности на овошјето и зеленчукот  отколку тие да се јадат сирови како што ги дала природата

Мисли на вас,

Нана Жана