ПОДВАРОК СО ЛОСОС

на

Кисела ферментирана зелка, мојот зимски сон и природен лек за душа и тело.

РИБА

Состојки:

  • 4 кременадли риба лосос
  • прстофат сол
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на припрема:

  1. Рибата се соли и се премачкува со маслиново масло, се става во тава за печење и се пече на 200 степени околу 25-30 минути покриена со фолија.

ДИНСТАНА КИСЕЛА ЗЕЛКА

Состојки:

  • 1 кг. кисела зелка сецкана тенко
  • 4-5 листа ловоров лист
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 литар вода

Начин на припрема:

  1. Зелката се става во тенџере, се додава вода и ловоров лист и се вари на тивко 1 час за да омекне.
  2. Се додава маслиново масло и се динста уште 30 минути на тивко.
  3. Зелката потоа се става во тава за печење и одозгора се реди печената риба и се пече уште 20 минути на отворено.

ПИРЕ ОД КОМПИР И ТИКВА

Состојки:

  • 300 гр. излупен компир сецкан на коцки
  • 300 гр. излупена тиква сецкана на коцки
  • 2-3 чешниња лук
  • 500 мл. вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2-3 лажици тостирани семки од тиква

Начин на припрема:

  1. Компирот, тиквата и лукот се варат во вода 30-40 минути. Потоа се додава маслоновото масло и се пасира рачно. На крај се украсува со семки од тиква.