РИБА БАКАЛАР ПЕЧЕНА СО ПИРЕ ОД КОМПИР И БРОКУЛА

на

Состојки:

  • 1 кг. риба бакалар
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажиче зачин орегано

Сос за пемачкување:

  • 2 лажици маслиново масло
  • сок од еден лимон
  • едно чили пипече ситно исечкано
  • две чешниња лук ситно сечкани
  • 1 лажица балсамико оцет

Начин на припрема:

  1. Рибата се става во тава за печење и се премачкува со масло сол и орегано одвете страни. Се пече на 180 степени 15 минути.
  2. Се вади и се премачкува со сос од горната страна и се пече на 180 степени уште 15-20 минути.
  3. Се служи со пире од компир и брокула

ПИРЕ ОД КОМПИР И БРОКУЛА

Состојки:

  • 500 гр. компир
  • 1 китка брокула (250 гр.)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица песто (сос од босилек)

Начин на припрема:

  1. Компирот се лупи, се сече на коцки и се вари 30 минтуи.
  2. Се додаваат исечкани цветови од брокула и се вари уште 3-4 мин.
  3. Се додаваат останатите состојки и рачно се пасира.