Состојки:
- 1 шоља басамати ориз
- 1/2 ситно сецкан кромид
- 1 морков сецкан на тенки кругчиња
- 150 гр. зелена боранија сецкана на кругчиња
- 2 лажици сецкан свеж магдонос
- 800 гр. филети од риба сецкана на парчиња
- 1 чешне лук
- 2-3 гранчиња магдонос
- 5-6 лажици маслиново масло
Начин на припрема:
- Рибата се вари заедно со лук и магдонос во 3 шољи солена вода, 15-20 минути на тивко и се остава да стои во водата.
- На маслиново масло се динста кромид 1 минута, се додава ориз и се динста уште 1 минута. Се додава морков и зелена боранија и се динста уште 1-2 минути.
- Оризот се префрла во тава за печење, се додава вода од варената риба, се додава магдонос и се меша.
- Одозгора се редат парчиња риба и се пече на 190 степени околу 30-40 минути додека не испари водата.