Состојки:
- 500 гр. карфиол сецкан на цветчиња
- 2 моркови сецкани
- 1 кромид сецкан
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 2 листа ловоров лист
- 1/2 оригано
- 1 литар вода
- 1 прстофат сол
- 2 лажици толчени ореви или лешници
- 2 лажици исечкан свеж магдонос
Начин на припрема:
- На масло се динста кромидот 1 минута. Се додава карфиол, морков, лук, зачини и вода и се вари 20 минути.
- Се вади ловоровиот лист и се миксира.
- По потреба се додава уште малку водадо посакуваната густина и се вари уште 2-3 минути.
- Се сервира со ореви и магдонос.