ВЕГЕ ЧИНИЈА

на

ЛЕСНО И ВКУСНО

ОРИЗ СО ЗЕЛЕНЧУК (за 4 лица)

Состојки:

  • 1 шолја кочански ориз
  • 1 кромид сечкан ситно
  • 1 шолја замрзнат грашок
  • 4 моркови сечкани на ситни коцкици
  • 1 лажица исечкан лист од целер
  • 1 лажиче оригано
  • сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 шолји вода

Начин на припрема:

  1. На маслоново масло се динста кромид и морков 1 мин. потоа се додава ориз и се динста уште 2-3 мин. Се меша со грашок и зачини. Се става во тава за печење, се додава вода и се пече на 200 степени 20-30 мин .

ВАРЕНА ЦРВЕНА ЛЕЌА

Состојки:

  • 1 шолја црвена леќа
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • 1/2 лажиче куркума зачин

Начин на припрема:

  1. Леќата се вари 20 минути. Се цеди од кога ќе зоврие водата.
  2. Се додаваат 2 шолји вода и се вари на тивко уште 20 минути. Се додава сол, куркума и маслиново масло и се вари уште 10 минути додека да се згусне.

ДИНСТАНИ ПЕЧУРКИ ШАМПИЊОНИ

Состојки:

  • 500гр. печурки шампињони цели
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол

Начин на припрема:

  1. Печурките се динстаат на маслиново масло на отворено додека не испари водата.

КАРФИОЛ

Состојки:

  • 400 гр карфиол на цветчиња

Начин на припрема:

  1. Карфиолот се вари на решетка на пареа

Ве сака,

Нана Жана