ЧОРБА ОД ЛЕЌА

на

Состојки:

  • 1/2 шоља леќа
  • 1 кромид сецкан ситно
  • 2-3 моркови сецкани крупно
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче кари зачин
  • 1/2 лажиче куркума
  • 1 литар вода

Начин на припрема:

  1. Леќата се мие, се става во тенџере и се прелива со вода. Се вари 20 минути на тивко и потоа се цеди.
  2. Се додава маслиново масло, кромид, морков и зачини. Се динста 2-3 минути.
  3. Се додава 1 литар вода и се вари на тивко 20-25 минтуи.
  4. Се јаде со тостиран леб.