Состојки:
- 250 гр. кафеав грав покиснат преку ноќ
- 2 рендани моркови
- 1/2 рендан корен од целер
- бел кромид ситно сецкан
- 4 чешниња ситно сецкан лук
- 2 ливчиња лорбер
- 1 лажица маслиново масло
- 1 прстофат сол
- 1 лажица овесни снегулки
- 1 клопче сецкана блитва
Начин на припрема:
1. На маслиново масло се динста кромид моркови и целер 3-4 минути. Се додава лорбер и лук и се динста 10 минути со додавање вода. Се додава грав и 1 литар вода, потоа се вари 30-40 минути.
2. Кога ќе се свари гравот се додаваат овесните снегулки и блитвата. Се вари уште 5-6 минути.
Печен Карфиол со Наут (за 4 лица)
Состојки:
- 500 гр. карфиол на цветчиња обарен на пареа 3 мин.
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажиче куркума
- 1 прстофаст сол
- 1/2 чаша варен наут
- 1 сецкан морков на полумесечинки
- 1/2 клопче крупно сецкан свеж целер
Начин на припрема:
1. Обарениот карфиол се меша со морков, сол, маслиново масло и куркума. Се пече на 200 степени 20 минути.
2. Се меша наутот со целер и се додава на карфилот. Се пече уште 10 минути.
Варен Јачмен (за 4 лица)
Состојки:
- 1/2 чаша јачмен
- 2 чаши вода
- прстофат сол
Начин на припрема:
1. Се вари во експрес лонец 1 час.
Зеленучик на пареа (за 4 лица)
Состојки:
- 200 гр. прокули
- 1 дајкон сецкан на кругови
- 4 моркови сецкани на стапчиња
Начин на припрема:
1. Зеленчукот се вари 3 миниту на пареа, на решетка (лепеза), сосема доволно за да остане крцкав и да има убава боја.
Ве сака,
Нана Жана