КРЕМ ЧОРБА ОД НАУТ

на

Состојки:

  • 250 гр. наут покиснат 12 часа или 250гр. наут во конзерва (варен)
  • 1 кромид крупно сецкан
  • 1 морков крупно сецкан
  • 1 пашканат крупно сецкан
  • прстофат прашок за пециво
  • 1/2 кафено лажиче мисо (макробиотички зачин).
  • две лажици магдонос сецкан
  • 1 лист тостирана нори алга искината на парчиња со раце

Начин на припрема:

  1. Мисото се раствара во еден филџан ладна вода.
  2. Покиснатиот наут се вари со кромидот, морковот и пашканатот во еден литар вода во времетраење од еден час. Се миксира и се додава вода за да се добие саканата густина. Се додава сол и се остава да зоврие.
  3. Се зачинуво со мисо, магдонос и нори алга.