ПИТА ЛЕБ СО ЌОФТИЊА ОД ЛОСОС

на

ПИТА ЛЕБ (за 4 лица)

Состојки:

  • 400 гр. интегрално брашно
  • 150 мл. топла вода
  • 80 мл. маслиново масло
  • 1/2 лажиче сол
  • прстофат прашок за пециво
Здрава чинија бр.1 - ПИТА ЛЕБ

Начин на припрема:

  1. Се меша брашно, сол, прашок за пециво и масло.
  2. Се додава по малку вода додека не се добие мазно тесто.
  3. Тестото се одмара 15 минути, се меси и се дели на десет топчиња.
  4. Се расукува секое топче во големина на чинија и се пече на загреана тава, од двете страни по 30 до 60 секунди.

ЌОВТЕНЦА ОД РИБА ЛОСОС

Состојки:

  • 400 гр. филета од риба лосос
  • 1 варен компир, лупен и рендан
  • 1 црвен кромид рендан
  • 1 веза млад кромид ситно исечкан
  • 1 лажица капари исечкани
  • 3 лажици ситни овесни снегулки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици пченкарно брашно

Начин на припрема:

  1. Лососот се става во тава за печење, се премачкува со маслиново масло и се пече на температура од 200 степени целзиусови во времетраење од 20 минути покриена со фолија. Потоа се остава да се олади и се сецка ситно.
  2. Се динста кромид на маслиново масло, се додава компир, млад кромид, капари, овсени снегулки, риба и се прави смеса.
  3. Се обликуваат ќовтенца, се валкаат во пченкарно брашно и се печат на грил тава премачкана со масло по 2 минути од двете страни.

ПЕЧЕНА ТИКВА

Состојки:

  • 500 гр. тиква сечкана на тенки парчиња
  • 4 главици кромид сечкани на резанци
  • 4 црвени пиперки, лупени и исечени по должина
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица интегрално брашно
  • сол

Начин на припрема:

  1. Кромидот се меша со пиперките, солта, брашното и маслиновото масло.
  2. Тиквата се реди во круг во тава за печење и одозгора се става смесата од кромид, се посипува со маслиново масло и се пече на 200 степени во времетраење од 35-40 минути.

НАМАЗ ОД БЕЛ ГРАВ

Состојки:

  • 250 гр. врарен бел грав тетовец
  • 1/2 лажиче сол
  • сок од 1/2 лимон
  • 2-3 лажици вода од грав
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица таан

Начин на припрема:

  1. Сите состојки се миксираат.

АВОКАДО

  • 2 лупени авокада се сечат на месечинки