Состојки:
- 20 листови од блитва
- 1/2 шоља басамати ориз
- 1/2 шоља сув вргањ
- 1 црвен кромид сецкан ситно
- 2 чешниња лук сецкани ситно
- 1/2 лажиче куркума
- прстофат сол
- 2 лажици маслиново масло
- 1 и 1/2 шоља вода
Начин на припрема:
- Листовите од блитва се варат во зовриена вода 1 минута. Се вадат, се ставаат во ладна вода и се цедат.
- Сувиот вргањ се покиснува во вода 10 минути. Се цеди и се сецка ситно.
- На маслиново масло се динста кромидот 2-3 минути, се додава вргањ и лук и се динста 1 минута. Се додава оризи и зачини и се динста уште 3-4 минути.
- Се става по една рамна лажица фил во секој лист од блитва и се виткаат сармичките. Се редат во тавче за печење и се полеваат со вода, се покриваат со фолија и се печат на 180 степени околу 30-40 минути.
Прилог:
- 250 гр. морков сецкан на кругови
- 250 гр. корен од целер излупен и сецкан на коцки
- Се барат на пареа на решетка 2-3 минути.