ВАРИВО ОД НАУТ

на

Состојки:

  • 250 гр. наут неварен или 400 гр. варен наут од конзерва
  • 1 кромид сецкан ситно
  • 1 страк праз сецкан ситно
  • 2 моркови сецкани крупно
  • 2 пашканати сецкани крупно
  • 2 лажици маслиново масло
  • лажици исецкан свеж магдонос

Начин на припрема:

  1. Наутот се мие и се кисне во вода 12 часа
  2. Се цеди од водата, се става 1 литар нова вода, кромидот, празот и се вари на многу тивко 1 час.
  3. Потоа се додава морков, пашканат, сол и маслиново масло и се вари уште 30 минути на тивко. На крај се додава магдоносот.