Храна која треба да се има дома

Кујната е центар на вашиот дом, место на кое се создава здравјето и среќата на вашето семејство. Ова е еден вид појаснување на рецептите кои ќе ги најдете на мојот блог.

  • грав, леќа, наут
  • интегрален леб
  • интегрален ориз
  • овсени снегулки
  • интегрална паста
  • сушени зачини (лорбер, оригано, нане, босилок)
  • лимон
  • ѓумбир
  • кромид  црвен и бел
  • лук
  • ореви, бадеми
  • ладно цедено маслиново масло
  • путер од кикирики
  • мед, малтекс
  • сос од домати
  • јаболков оцет
  • оцет балсамико
  • црно чоколадо

ХРАНА ВО ФРИЖИДЕР

  • путер
  • јајца
  • ферментирани млечни производи
  • кашкавал
  • инчуни
  • капари

НАЧИНИ ЗА ПРИПРЕМА НА ЈАДЕЊА

  • печење во рерна (се пече зеленчук на врел воздух на отворено)
  • печење на скара (риба, месо, зеленчук)
  • варење во зовриена вода (зеленчук се вари кратко)
  • варење на пареа (зеленчукот се става на решетка и се вари кратко со поклопено)
  • варење на пареа под притисок  во експрес лонец (за житарки)
  • динстање во сопствен сос поклопено (зеленчук, овошје)
  • динстање  на малку масло поклопено (зеленчук)

ОСНОВНИ САДОВИ ВО КУЈНА

  • решетка лепеза за зеленчукот на пареа
  • тава за динстање
  • тава за печење
  • блендер за крем супи и смуди
  • експрес лонец
  • скара

МАЧЕТО ЈАДЕЛО РИБА И ГО ОМРСИЛО БРКОТ

МАЧЕТО ЈАДЕЛО РИБА И ГО ОМРСИЛО БРКОТ

Децата многу сакаат да цртаат мачиња. Мачето многу сака да јаде риба. И децата сакаат да јадат риба за да бидат јаки и здрави.

ОСНОВНИ НАМИРНИЦИ

ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ – БОГАТСТВО НА ПРИРОДАТА

Тие содржат комплексни јаглени хидрати и есенцијални протеини, витамини, минерали и малку маснотии.

-интегрален ориз, пченица, јачмен, просо, овес, р“ж, пченка
-разни врсти леб, интегрални тестенини, овсени снегулки, интегрално брашно

Здравите деца многу сакаат:

  • овсена кашичка со суво и свежо овошје и мед
  • каша од просо со тиква
  • интегрален ориз со зеленчук и овошје
  • меко варен јачмен

А најмногу сакаат да гризнат пченка варена и печена.

СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК

-брокула, зелка, кељ, блитва, праз, кромид, морков  карфиол, тиква, зелена салата, прокули, ротквица, краставица, домати

Свежите зеленчуци играат главна улога во секојдневното готвење. Тие имаат висока содржина на витамини, ниска содржина на маснотии и се многу популарен избор за здравата храна. Многу е важно брокулата, карфиолот, цвеклото и спанаќот  да се јадат свежи.

СВЕЖО ОВОШЈЕ

-јаболки, круши, грозје, смокви, сливи, зрнесто овошје (јагоди, капини, малини, боровинки)

Антиоксидансите и витамините во овошјето и зеленчукот придонесуваат за намален ризик од хронични заболувања.

МЕШУНКИ

-грав, леќа, наут

Мешунките содржат протеини и сложени јагленихидрати, витамини, минерали и влакнести материи.

РИБА

-лосос, туна, скуша ,пастрмка, сардела, крап

Тие содржат протеини и незаситени Омега-3 масни киселини кои се многу корисни за здравјето на децата

ФЕРМЕНТИРАНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

-сирење, јогурт, павлака, активија, крем сирење

Млечните производи содржат протеини, калциум, витамини Д и Б, исклучок е Б12. Тие го јачаат имунитетот и ја одржуваат бактериската флора на цревата.

МЕСО

-пилешко месо, месо од  мисирка во мали количества

ДЕСЕРТИ

-колачи, овошни десерти во мали количества