Мени за детска забава

РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА

КАКО СЕ ПОЗДРАВУВААТ ДЕЦАТА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ СО СВОИТЕ ДРУГАРЧИЊА ВО УЧИЛИШТЕ?

Со плескање на рацете и извикување БФФ (БЕСТ ФРЕНД ФОРЕВЕР ) на англиски или НДЗ (НАЈДОБАР ДРУГАР ЗАСЕКОГАШ) на македонски.

Децата најмногу сакаат за роденденот да им дојдат другарчињата од училиште. Тогаш сите се многу среќни и весели и заедно ја пеат песната “Хепи брдеј ту ју“ или “Среќен роденден на тебе”.

МЕНИ ЗА ДЕТСКА ЗАБАВА

  1. Децата најмногу сакаат пица маргарита сечкана на помали парчиња
  2. Мини интегрални сендвичи
  3. Интегрални стапчиња и крекери
  4. Разни врсти кашкавал (едамер) сечкани на стапчиња
  5. Пуканки
  6. Разни врсти свеж зеленчук -сечкан
  7. Разни врсти свежо овошје -сечкано
  8. Сокови од свежо овошје (најмногу сакаат сок од портокал)
  9. Разни врсти суво овошје (суви смокви, урми)
  10. Традиционални  блакца и ванилици
  11. Сладолед на стапче

РОДЕНДЕНСКА ТОРТА СО СВЕЌИЧКИ

Таа е кралицата на забавата која сите деца со нетрпение ја чекаат. Покрај тортата потребна е и весела детска музика за играње и скокање.

РОДЕНДЕНСКА ТОРТА СО СВЕЌИЧКИ

КРУГОТ НА ДОБРИТЕ ДЕЛА

Убави мои дечиња,

Кога некој ќе ви помогне вам, и ќе ви направи добро дело, вие помогнете му на некој друг, тој другиот на некој трет и така ќе се направи кругот на добрите дела. Сакајте ги и тие што не ве сакаат, така ќе допрете до нивното срце и тоа ќе стане меко и полно со љубов.

Ве бакнува и мисли на вас,

Нана Жана