САРМИЦИ ОД ЛОЗОВ ЛИСТ

на

Состојки:

  • 30 листови лоза потопени во врела вода
  • 1 кромид рендан
  • 2-3 чешниња лук сечкан
  • 1 шолја варен интегрален ориз
  • 100 гр ореви мелени
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици свеж магданос сечкан ситно
  • 2 лажици свеж копар сечкан ситно
  • 2 лажици свежо нане сечкано ситно
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче сол

Начин на припрема:

  1. Млади листови од лоза се солат и се редат еден над друг до 10. Се виткаат во ролат и се редат во тегли. Се преливаат со бело вино, се притискаат со чинивче и стојат 2-3 дена отворени. Се вади чинивчето и се затвораат теглите. Рокот на траење вака спремени им е 1 година. (може и од свеж лозов лист или од замрзнат).
  2. На маслиново масло се динста кромид и лук 1 мин., се додава ориз, ореви и зачини.
  3. Се виткаат малечки сармици (1 залак) и се редат во тенџере во круг. Се преливаат со вода колку да ги покрие. Се притискаат одозгора со чинија.
  4. Се покриваат со фолија и се варат на 200 степени 1 час.

ВАРИВО ОД НАУТ

Состојки:

  • 2 шолји наут варен
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 кромида сечкани ситно
  • 2 моркови сечкани на коцки
  • 2 пашканати сечкани на коцки
  • 1 лажиче куркума зачин
  • 4 лажици свеж магданос сечкан
  • прстофат сол

Начин на припрема:

  1. 250 гр. наут се кисне 12 часа. Се истура водата. Се става 1 литар нова вода и се вари 1 час.
  2. На маслиново масло се динста кромид, морков и пашканат 3 минути.
  3. Се додава сварениот наут со вода и куркума и се вари 20 – 30 мин. На крај се зачинува со магдонос.

МЛАДО ЗЕЉЕ СО ОРИЗ

Состојки:

  • 4 везици младо зеље
  • 2 млади лукчиња сечкани
  • 2 везици млад кромид сечкан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 шоља варен интегрален ориз
  • прстофат сол
  1. Зељето заедно со дршки се обарува во врела вода 1 минута.
  2. На маслиново масло се динста кромид и лук 1 минута, се додава зељето и се динста уште 1 минута.
  3. Се меша со варен ориз.

МОРКОВ И КАРФИОЛ

Состојки:

  • 400 гр морков сечкан на дебели кругови
  • 400 гр карфиол на цветови

Начин на припрема:

  1. Се варат на решетка на пареа 1-2 минути.

Ве сака,

Нана Жана