ЛОСОС ВО ЗЕЛЕНО

на

ЗДРАВО И ВКУСНО ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ

ПЕЧЕНИ ФИЛЕТИ ЛОСОС

Состојки:

  • 600гр филети лосос сечкани на 4 парчиња
  • 2 лажици маслиново масло
  • 800гр компир лупен и сечкан на коцки
  • 500 гр морков сечкан на коцки
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/2 лажиче оригано

Начин на припрема:

  1. Во тава за печење се става компир, морков, сол, оригано и маслиново масло и се промешува. Одозгора се ставаат филети лосос премачкани со маслиново масло и се печат на 200 степени 35-40 мин покриени со фолија.

ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК НА ПАРЕА

Состојки:

  • 400гр грашок смрзнат
  • 400гр брокула на цветчиња
  • 400гр прокули цели

Начин на припрема:

  1. Зеленчукот се става на решетка и се вари на пареа 2-3 мин.

Ве сака, нана Жана