БЕЛ ГРАВ СО СУВИ ПИПЕРКИ

на

Состојки:

  • 400 гр бел грав покиснат 12 часа
  • 1 бел кромид сечкан ситно
  • 2-3 чешниња лук сечкан
  • 4 суви пиперки покиснати во топла вода и сечкани крупно
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 литар вода

Начин на припрема:

  1. Гравот се вари со кромид и лук на тивко 1 час.
  2. Се додава маслиново масло, сол и пиперки и се вари уште 10-15 минути на тивко.

ЌОВТИЊА ОД НАУТ (за 4 лица)

Состојки:

  • 250гр. наут варен блендиран
  • 2 компири варени рендани
  • 4 лажици наут печен мелен
  • 2 чешниња лук сечкан
  • 1 кромид рендан
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажиче таан
  • 2 лажици свеж магданос сечкан
  • сол
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажиче куркума

Начин на припрема:

  1. Сите состојки се мешаат и се прават ќовтиња. Се валкаат во пченкарно брашно помешано со куркума и се печат на грил тава премачкана со маслиново масло. Се служат со сос од таан.

СОС ОД ТААН

Состојки:

  • 3 лажици таан
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 3 лажици вода

Начин на припрема:

1. Сите состојки се мешаат.

ЗЕЛЕНЧУК ОБАРЕН НА ПАРЕА

Состојки:

  • 400гр брокула на цветчиња
  • 400 гр морков сечкан на стапчињ
  • 200 гр целер сечкан на стапчиња

Начин на припрема:

  1. Зеленчукот се става на решетка и се вари на пареа 1-2 мин.

Мисли на вас,

Нана Жана