ЗДРАВО И ВКУСНО ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ
ПЕЧЕНИ ФИЛЕТИ ЛОСОС
Состојки:
- 600гр филети лосос сечкани на 4 парчиња
- 2 лажици маслиново масло
- 800гр компир лупен и сечкан на коцки
- 500 гр морков сечкан на коцки
- 1/4 лажиче сол
- 1/2 лажиче оригано
Начин на припрема:
- Во тава за печење се става компир, морков, сол, оригано и маслиново масло и се промешува. Одозгора се ставаат филети лосос премачкани со маслиново масло и се печат на 200 степени 35-40 мин покриени со фолија.
ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК НА ПАРЕА
Состојки:
- 400гр грашок смрзнат
- 400гр брокула на цветчиња
- 400гр прокули цели
Начин на припрема:
- Зеленчукот се става на решетка и се вари на пареа 2-3 мин.
Ве сака, нана Жана