Состојки:
- 2 лажици путер
- 1 лажица маслиново масло
- 1 мал кромид сечкан
- 500 гр печурки шампињони
- 1/4 лажиче морска сол
- 1/4 лажиче бибер
- 1 лажица свеж магданос сечкан
- 1/4 шоља бело вино
Начин на припрема:
- Печурките се сечкаат на половинки. На путер и маслиново масло се динста кромид 2 минути, се додаваат печурките и заедно се динстаат 15 минути. Се додава сол, бибер и вино и се динста уште 5 миниту додека виното да испари. Се посипува со магданос.