Состојки: две везици рукола цели лифчиња две везици млад кромид сецкан сок од 1/2 лимон 2 лажици маслиново масло 1/4 лажиче сол 2 лажици сецкани ореви Начин на припрема: Руколата и кромидот се мешаат и се ставаат во сад за салата, се преливаат со маслиново масло, сол и сок од лимон. Убаво се промешува и…
Категорија: Салати
НАЈОМИЛЕНА ДЕТСКА ХРАНА Е СВЕЖАТА ХРАНА. ДЕЦАТА САКААТ ВКУСНО, СВЕЖО И ЛЕСНО
Свежи салати претставуваат прав деликатес и имаат енормни нутритивни вредности. Сакам брзо и свежо. Од секогаш сум сакала свежи салати. Кога се омажив живеев во куќа со голем двор со многу зеленчук и овошје. Знаев да изедам цела ванглица зелена салата, а мојот девер и ден денес многу го сака мирисот на свежите домати. Кога се враќаше касно навечер одеше во бавча, кинеше свежи домати и ги гризеше како јаболки.
Салати се јадат како прилог со јадење или како оброк. Ако се јадат како оброк имаат додаток од житарки, сирење, мешунки, варени јајца, риба, месо.
САЛАТИ КАКО ПРИЛОГ
Се користи исклучиво свеж зеленчук и овошје и свежи зачини (босилек, нане, копар, млад кромид, магданос, целер ,,оригано, коријандер, мајчина душичка, рузмарин). Свежите зачини се природни антибиотици, го подобруваат варењето на храната и искористувањето на хранливите состојки.
САЛАТА ОД ПЕЧЕНО ЦВЕКЛО
Состојки: 6 цвекла со дршки и листови 1 лажица маслиново масло Прелив: 1 лажица јаболков оцет 1/4 лажица морска сол 1 везица млад кромид, сечкан 3 лажици маслиново масло Начин на припрема: Во тава за печење се става цвеклото со дршки пресечени до половина. Се додава 150 мл вода, 1 лажица маслиново масло, се покрива со…
САЛАТА БРОКУЛА – НАУТ
Состојки: 500гр брокула на цветчиња, обарена на пареа 1 мин. 200гр наут варен 200гр шери домати сечкани на пола 1/4 лажиче морска сол 1/2 мал црвен кромид сечкан Прелив: 2 лажици јаболков оцет 2 лажици маслиново масло Начин на припрема: Сите состојки се мешаат и се става преливот. Мисли на вас, Нана Жана
САЛАТА ЕНЕРГИЈА
Најомилена детска свежа салата (детски фаворит). Дава многу енергија за трчање и скокање. Децата уживаат и ја јадат со њам, њам. Состојки: 1 ЦВЕКЛО РЕНДАНО 1 ЈАБОЛКО РЕНДАНО 1 МОРКОВ РЕНДАН 60гр. ЗЕЛКА РЕНДАНА Прелив: 1 ЛАЖИЦА СОК ОД ЛИМОН 2 ЛАЖИЧИЊА МАСЛИНОВО МАСЛО 1 ЛАЖИЧЕ МЕД Начин на припрема: СИТЕ СОСТОЈКИ СЕ МЕШААТ И…