Состојки:
- 1 кг интегрално брашно
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица морска сол
- 1 лажица шеќер
- 1 шољичка маслиново масло
- 40 гр свеж квасец
- 500 мл млака вода
Начин на припрема:
- Квасецот стасува со едно лажиче шеќер и вода.
- Во длабок сад се става брашно, на средина се става сол, маслиново масло и оцет. Тестото се меси со рака со постепено додавање на стасаниот квасец. Тестото треба да се тегне (не се вади од садот).
- Се остава да стои 40 мин. Пак се размесува и се става во тава на хартија за печење. Стои 30 мин. и се пече во загреана рерна на 200 степени 40 мин.
- Во лебот може да се додадат разни врсти семки (ленено семе, семки од тиква, семки од сончоглед, сусам, овсени снегулки), сечкани сушени патлиџани, ситно сечкани свежи или печени пиперки, сечкани свежи зачински билки, сечкани маслинки без семки и лук.
- Бидете креативни и лебот секогаш ќе биде нов и различен. Печете го во различни форми (округли, векна, правоаголни) и децата воодушевено ќе извикуваат колку убаво мириса.