Состојки:
- 2 ЛАЖИЦИ ПУТЕР
- 1 МАЛ КРОМИД, СЕЧКАН
- 2 ЧЕШНИЊА ЛУК, СЕЧКАН
- 1 кг. ТИКВА ЛУПЕНА И СЕЧКАНА НА КОЦКИ
- 1 ЛИТАР ВОДА
- 1/4 ЧАША СВЕЖ СОК ОД ПОРТОКАЛ
- 1/4 ЛАЖИЧЕ МОРСКА СОЛ
- 1 ЧАША СЕМКИ ОД ТИКВА, ТОСТИРАНИ И МЕЛЕНИ
Начин на припрема:
- КРОМИДОТ СЕ ДИНСТА НА ПУТЕР 3 МИНУТИ, СЕ ДОДАВА ТИКВАТА И ЛУКОТ И СЕ ДИНСТА УШТЕ 5 МИНУТИ.
- СЕ ДОДАВА ВОДАТА, СЕ ВАРИ 20 МИНУТИ И СЕ ОСТАВА ДА СЕ ОЛАДИ.
- СЕ МИКСИРА СУПАТА И СЕ ДОДАВА СОК ОД ПОРТОКАЛ И СОЛ. СЕ ВРИЕ УШТЕ 5 МИНУТИ. СЕ СЛУЖИ СО МЕЛЕНИ СЕМКИ ОД ТИКВА.