Состојки:
- 30 листови лоза потопени во врела вода
- 1 кромид рендан
- 2-3 чешниња лук сечкан
- 1 шолја варен интегрален ориз
- 100 гр ореви мелени
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици свеж магданос сечкан ситно
- 2 лажици свеж копар сечкан ситно
- 2 лажици свежо нане сечкано ситно
- 1/2 лажиче оригано
- 1/2 лажиче сол
Начин на припрема:
- Млади листови од лоза се солат и се редат еден над друг до 10. Се виткаат во ролат и се редат во тегли. Се преливаат со бело вино, се притискаат со чинивче и стојат 2-3 дена отворени. Се вади чинивчето и се затвораат теглите. Рокот на траење вака спремени им е 1 година. (може и од свеж лозов лист или од замрзнат).
- На маслиново масло се динста кромид и лук 1 мин., се додава ориз, ореви и зачини.
- Се виткаат малечки сармици (1 залак) и се редат во тенџере во круг. Се преливаат со вода колку да ги покрие. Се притискаат одозгора со чинија.
- Се покриваат со фолија и се варат на 200 степени 1 час.
ВАРИВО ОД НАУТ
Состојки:
- 2 шолји наут варен
- 2 лажици маслиново масло
- 2 кромида сечкани ситно
- 2 моркови сечкани на коцки
- 2 пашканати сечкани на коцки
- 1 лажиче куркума зачин
- 4 лажици свеж магданос сечкан
- прстофат сол
Начин на припрема:
- 250 гр. наут се кисне 12 часа. Се истура водата. Се става 1 литар нова вода и се вари 1 час.
- На маслиново масло се динста кромид, морков и пашканат 3 минути.
- Се додава сварениот наут со вода и куркума и се вари 20 – 30 мин. На крај се зачинува со магдонос.
МЛАДО ЗЕЉЕ СО ОРИЗ
Состојки:
- 4 везици младо зеље
- 2 млади лукчиња сечкани
- 2 везици млад кромид сечкан
- 2 лажици маслиново масло
- 1 шоља варен интегрален ориз
- прстофат сол
- Зељето заедно со дршки се обарува во врела вода 1 минута.
- На маслиново масло се динста кромид и лук 1 минута, се додава зељето и се динста уште 1 минута.
- Се меша со варен ориз.
МОРКОВ И КАРФИОЛ
Состојки:
- 400 гр морков сечкан на дебели кругови
- 400 гр карфиол на цветови
Начин на припрема:
- Се варат на решетка на пареа 1-2 минути.
Ве сака,